Достапни линкови

Разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма


Претставниците на меѓународната агенција за нуклеарна енергија најавија дека денеска ќе разговараат со нивни колеги од Техеран за контроверзната нуклеарна програма на Иран. Претставниците на ОН соопштија дека на состанокот повторно ќе бараат пристап до воениот комплекс Парчин кој се наоѓа југоисточно од Техеран , каде што се претпоставува дека Иран спроведува тестови за нуклеарно оружје. Иран до сега на инспекторите на ОН не им дозволи пристап до Парчин. Министертвото за надворешни работи вчера соопшти дека Иран е подготвен да ги расчисти „ сите нејаснотии“ околу програмата, доколку Западот ги признае иранските „нуклеарни права “ вклучувајќи го и збогатувањето со ураниум.
XS
SM
MD
LG