Достапни линкови

logo-print

Над 80 студенти загинаа во Алепо


Сирискиот амбасадорт во ОН Башар ја Афари ги осуди нападите врз Универзитетот во Алепо, оценувајќи ги како „кукавички терористички акт“. При експлозијата на бомба во Универзитетот вчера загинаа над 80 студенти а ранети се околу 160 .Се уште никој не презел одговорност за нападот, па власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за нападот.
Според последните податоци на ОН во изминативе две години над 60 илјади луѓе загинале за време на конфликтот.
Специјалниот преставник на ОН за грижа за децата во вооружени конфликти Лејла Зероугуи изјави дека над 20 деца се убиени а голем број се ранети во изминативе неколку дена во и околу Дамаск при воздушни напади. Во меѓувреме сирискиот премиер е во Техеран на разговори со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад .
XS
SM
MD
LG