Достапни линкови

Временска прогноза- облачно и врнежливо време


Greece -- A natioanl flag flies under a cloudy sky in Athens, 15Apr2011

Greece -- A natioanl flag flies under a cloudy sky in Athens, 15Apr2011

Времето во Македонија ќе биде претежно oблачно со повремени врнежи од дожд, во Полошката котлина од дожд и снег, на планините од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува над 70 километри на час. Температурата ќе се движи од два до 13 степени.Во Скопје слично време, со температура до девет степени.
До крајот на неделава под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува облачно и врнежливо време. На пониските места врнежите ќе бидат претежно од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен и пороен карактер, особено во западните делови каде ќе се формира позначителна снежна покривка.
XS
SM
MD
LG