Достапни линкови

logo-print

Пожарот во Пошта ставен под контрола


Пожарникарите успеаја да го смират пожарот во главната зграда на Македонски Пошти во Скопје, но сè уште над зградата се издига густ чад. Според првичните информации, пожарот избувнал во сервер салите.

Директорот на Македонски пошти Рафис Алити рече дека вработените биле евакуирани веднаш по избивањето на пожарот. Една вработена, која била заглавена во просториите, била извадена преку прозорец од третиот кат со помош на скали.

Поради гушење со чад, едно лице е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска за МИА изјави дека лицето е во стабилна здравствена состојба и оти во моментов е на опсервација.

Од пожарот најмногу е зафатен покривот на поштата. Очевидци тврдат дека пред избувнувањето на пожарот слушнале силна експлозија.

Ова е втор голем пожар во центарот на Скопје во последните денови. Минатата недела се запали дел од првиот кат на Градскиот трговски центар.
XS
SM
MD
LG