Достапни линкови

Ховит бара датум за преговори со Македонија без одложување


Архивска фотографија: Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Ховит.

Архивска фотографија: Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Ховит.

Британскиот европратеник Ричард Ховит, кој е и известувач за Македонија во ЕП, во најновата Резолуција за напредокот на Македонија во 2012, за која наскоро ќе се дебатира во Европскиот парламент, отворено упатува повик до Советот на ЕУ да одреди, без дополнителни одложувања, датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Ховит ги смета за вистински чекор напред заклучоците на Европскиот совет, во кои едногласно беше поддржано донесувањето на временски ограничено решение до јуни 2013 година, врз основа на последниот извештај на Комисијата.
XS
SM
MD
LG