Достапни линкови

Почна судењето на наводни руски шпиони во Германија


Почна судењето на еден брачен пар во Германија под обвинение дека биле руски шпиони. Според обвинението, Андреас и Хеидрун Аншлаг се населиле во тогашна Западна Германија пред 25 години со фалсификувани австриски пасоши. Тие се обвинети дека на Советскиот Сојуз, а потоа и на Русија, им обезбедувале тајни информации за безбедносната политика на Германија и за операциите на НАТО. Двајцата се соочуваат со долгогодишен затвор. На почетокот на процесот во судот во Штудгарт, тие ги негираа обвинувањата за шпионажа, но не дадоа никаква изјава. Според некои информации и двајцата се руски државјани. Брачната двојка беше уапсена во нивниот дом во градот Марбург во октомври 2011 година.
XS
SM
MD
LG