Достапни линкови

Пожарот во Пошта поради стара инсталација?


Пожар во зградата на Пошта во Скопје.

Пожар во зградата на Пошта во Скопје.

Во главната зграда на Македонски Пошти во центарот на Скопје попладнево избувна голем пожар. Директорот на поштата Рафиз Алити изјави дека нема поврeдени. Тој рече дека пожарот избил во серверната сала на третиот кат, веројатно поради старата инсталација.

Пожарот го гаснат неколку противпожарни возила. На местото пристигнаа и возила на Итната медицинска помош, а има и големо полициско обезбедување.
XS
SM
MD
LG