Достапни линкови

Лажен е-маил на Тимошенко кружи на интернет?


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Адвокатот на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, Сергеј Власенко, изјави дека наводната електронска преписка меѓу Тимошенко и нејзините политички сојузници што се појави во јавноста е фалсификувана. На интернет циркулира е-маил наводно меѓу Тимошенко и членови на нејзината партија. Во преписката се зборува за исплатата на западни компании кои лобираат за интересите на поранешната украинска премиерка во Европа и во САД. Според адвокатот, фалсификуваниот е-маил има за цел да го оттргне вниманието на јавноста од протестот на Тимошенко против нејзиното затворање. Минатата недела во знак на протест таа почна да спие во ходникот на клиниката каде што се лекува од проблеми со грбот. Тимошенко во моментов отслужува казна од седум години затвор за злоупотреба на функцијата.
XS
SM
MD
LG