Достапни линкови

Македонски активист во хуманитарна мисија во Сирија


Кога болката на другите и несебичната грижа за нив е водилка во животот, полесно се живее со себе си, вели Јасмин Реџепи кој што иако има само 30 години досега учествувал во неколку хуманитарни мисии во земји кадешто има конфликти. Неговата последна мисија беше во Сирија.

Кога болката на другите и несебичната грижа за нив е водилка во животот, полесно се живее со себе си, вели Јасмин Реџепи кој што иако има само 30 години досега учествувал во неколку хуманитарни мисии во земји кадешто има конфликти.
Една таква прекрасна земја е изрушена, секаде каде што имало мостови, повеќе ги нема, секаде каде што имало фабрики, домови, ги нема веќе, луѓе и нема по градовите, струја нема, вода нема, храна нема. Во камповите има многу жени и деца, дечињата сетажни те пречекуваат со поглед кој прашува кога ќе заврши ова, дали знаете кога ќе се вратат дома, што им носите.

Негова последна мисија беше Сирија, земја кадешто речиси две години бунтовници се борат против режимот на долгогодишниот претседател Башар Ал Асад.

Тој вели дека во изминатава година два пати бил во Сирија, првиот пат во период од 25 септември до 7 октомври, а вториот пат од 8 до 18 ноември. Хуманитарната мисија била спроведена во соработка со турскиот исламски центар од Британија (Turkish Islamic Center ) и англиско-романската организација Обединети муслимани(United Muslim Ummah) како и во соработка со турска невладина хуманитарна организација ( IHH Humanitarian Relief Foundation).

Реџепи раскажува дека првата слика што ја видел кога пристигнал во Сирија е слична на онаа од хорор филмовите, луѓе умираат во борба, во засолништа, во подруми, на улици во потрага по леб и вода. Сирија која досега беше крстопат на милениумски цивилизациски наследства сега е разрушена, животот на луѓето таму повеќе не може да се нарече живот, вели Реџепи.

„Една таква прекрасна земја е изрушена, секаде каде што имало мостови, повеќе ги нема, секаде каде што имало фабрики, домови, ги нема веќе, луѓе и нема по градовите, струја нема, вода нема, храна нема. Во камповите има многу жени и деца, дечињата сетажни те пречекуваат со поглед кој прашува кога ќе заврши ова, дали знаете кога ќе се вратат дома, што им носите.“
Некако каменот на срце ти е полесен знаејќи дека нешто правиме за тој народ. Посебно знаејќи дека сме од Балканот секогаш трудно подрачје и јас како дел од бошњачката националност тесно врзана со војната во Босна, знам како е да се биде во војна, како е да се има беглаци, како е да знаеш дека имаш роднини таму некаде коишто гладуваат и можат во секој момент да загинат. Како муслиманка кај која поривот за алтруизам, за помагање на другиот секогаш те води и сега како мајка, значи сите тие моменти во мојот живот се додатна поддршка и поттик за Јасмин да го прави тоа што го прави.

Реџепи на само неколку месеци пред да тргне за Сирија стана татко, вели дека стравот и ризикот дека нема да се врати дома од хуманитарната мисија секогаш постои.

„И во таква ситуација кога ќе се запрашаш себе си дали вреди или не, ќе се ставиш во нивна кожа, што ако моето дете ја добие таа помош од некого од надвор? Што ако сите тие луѓе кој што јас би посакал да ни помогнат, си речат а страв ми е?“

Патот до Сирија не е лесен, особено делот кога од Турција треба да се премине на сириска територија.

„Имавме проблем, додека траеше војната односно конфликтите не можеше да се помине од другата страна, но во одредени ситуации возачот на едно од нашите комбиња дури зема активно учество да префрла ранети луѓе, да влезат заедно со дел од турската војска, да интервенираат, да влезат да земат ранети луѓе и да ги префрлат во Турција на лекување и можевме да видиме уште во старт дека сме направиле едно добро дело, дека почнало да функционира тоа што сме имале намера да го направиме.“

Јасмин и неговата 27-годишна сопруга Мерсиха Смаиловиќ пред да се роди нивната ќерка Далија биле заедно во хуманитарна мисија во Сомалија каде што од Македонија однеле хуманитарна помош во вредност од околу 40 илјади евра. Мерсиха вели дека со тоа патување и се остварила животната желба, но убавото чувство дека некому помага било потиснато од поразителното чувство за тоа дека светот ги заборава луѓето кои што гладуваат.

„За мене многу поразително беше чувството да видам како луѓе се тепаат за јадење, луѓе коишто се тепаат за храна, кои умираат од глад, кои ги немаат основните потреби, живеат во дрвени бунгалови. Децата се со празни погледи, без било какви позитивни погледи кон животот.“

Таа додава дека без разлика на ризикот со кој се справуваат е горда на работата на нејзиниот сопруг, особено затоа што со своето искуство знае како е да се дел од другата страна.

„Некако каменот на срце ти е полесен знаејќи дека нешто правиме за тој народ. Посебно знаејќи дека сме од Балканот секогаш трудно подрачје и јас како дел од бошњачката националност тесно врзана со војната во Босна, знам како е да се биде во војна, како е да се има беглаци, како е да знаеш дека имаш роднини таму некаде коишто гладуваат и можат во секој момент да загинат. Како муслиманка кај која поривот за алтруизам, за помагање на другиот секогаш те води и сега како мајка, значи сите тие моменти во мојот живот се додатна поддршка и поттик за Јасмин да го прави тоа што го прави. “

Според податоците на Обединетите Нации во изминативе 22 месеца во Сирија загинале над 40 илјади луѓе, само минатиот месец околу 100 илјади луѓе пребегнале од земјата. Неодамна граѓанскиот сектор од Македонија стана дел од глобалната хуманитарна акција „ Леб и ќебиња за Сирија“ која се спроведува во повеќе од 40 земји чии главен покровител е турскиот претседател Абдулах Ѓул.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG