Достапни линкови

Водици во Охрид прераснува во централен настан на Балканот


Водици во Охрид.

Водици во Охрид.

На 19 јануари во езерските води по крстот се очекува да скокнат рекорден број на капачи до сега, повеќе од 1.200. Годинава целата манифестација директно ќе ја пренесуваат и неколку телевизиски куќи од соседството, а пренос ќе има и на интернет.

Празникот Богојавление Водици во Охрид прераснува во централен настан на Балканот. Годинава целата манифестација околу фрлањето на крстот во водите на Охридското езеро директно ќе ја пренесуваат и неколку телевизиски куќи од соседството, а пренос ќе има и на интернет. На 19 јануари во езерските води по светиот крст се очекува да скокнат рекорден број на капачи до сега, повеќе од 1.200. Целата манифестација ќе биде збогатена со многу музика и еден тон греjана ракија. Низ градот ќе бидат поставени 6.000 знаменца со ликот на Свети Јован Крстител.
Она што е зацртано полека ќе се реализира и сите гости кои што ќе дојдат во Охрид на 19 и 20 ќе присуствуваа на едно прекрасно возвишено славење на овој голем христијански празник. Крстот ќе се фрла од бродот Александрија 2, бидејќи е поголем и на него може да се соберат поголем број на луѓе. Со повеќе пловќи ќе биде обележан просторот од каде сите капачи ќе тргнат.

Димитар Пендов од Здужението Богојавление кои се организатори на целиот настан велат дека подготoвките се при крај.

„Она што е зацртано полека ќе се реализира и сите гости кои што ќе дојдат во Охрид на 19 и 20 ќе присуствуваа на едно прекрасно возвишено славење на овој голем христијански празник. Крстот ќе се фрла од бродот Александрија 2, бидејќи е поголем и на него може да се соберат поголем број на луѓе. Со повеќе пловќи ќе биде обележан просторот од каде сите капачи ќе тргнат.“

Иако Рускиот претседател Владимир Путин не доаѓа и покрај поканата од Богојавление, во Охрид доаѓа амбасадорот на Русија.
70 отсто се исполнети хотелите. Има многу гости од страна, од Србија, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Се јавуваат за резервации. Ќе има многу голема посетеноист.

Веќе следниот ден охриѓани ќе се потрудат да го срушат гинисовиот рекорд во најмногу зготвена рибина чорба, настан кој ќе се случува на градското пристаниште. Ќе има демонстрација на риболовен алат и ловење на риба, како и скокање по бурето со црвено вино. Годинава ќе бидат фрлени 3 буриња, а оној кој ќе го фати она со црвено вино ќе добие вредни награди.

„Се надевам дека ќе успееме да го собориме стариот рекорд кој изнесува 3 тони и 25 килограми. Ние ќе спремаме 3 тони и 300 килограми рибина чорба. Добивме инструкции од Гинис. Тоа ќе се снима со три камери и таму ќе биде разгледана апликацијата. Ќе настапат сите охридски староградски оркестри. Триесет луѓе на бина заедно ќе ги исполнат сите староградски охридски песни. Ќе се служи 1 тон плашица“, вели Пендов.

Водици ќе го наполни Охрид со гости од соседството, а хотелите понудија и промотивни цени од 10 евра за спиење со појадок рече Марјан Лавроски од Богојавление.

„70 отсто се исполнети хотелите. Има многу гости од страна, од Србија, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Се јавуваат за резервации. Ќе има многу голема посетеноист“, вели Лавроски.

Во прилог оди и податокот дека деновите 19 и 20 јануари се паѓаат за викенд, што во Охрид ќе донесе многу гости.
XS
SM
MD
LG