Достапни линкови

Администрацијата се пумпа пред избори


Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Огласите кои ги објави Агенцијата за администрација пред распишувањето на локалните избори ги подгрева сомнежите дека се вработуваат луѓе кои ќе треба да гласаат за власта на следните избори, коментираат познавачите.

Нови 260 работни места за државни службеници во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, нови вработувања на 34 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика, како и 14 во Министерството за транспорт и врски, 12 во Агенцијата за храна и ветеринарство, 9 во детската градинка 11 Октомври во Бутел и 5 во Агенцијата за финанскиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ова се само дел од огласите кои ги објави Агенцијата за администрација во медиумите пред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ги распише локалните избори.
Тоа несомнено упатува на заклучок дека се прави со цел тие нововработени да претставуваат еден нов потенцијал којшто ќе ја поддржи власта, ќе ги поддржи владејачките гарнитури во трката за добивање, за победа на изборите.

Професор Темелко Ристески вели дека досегашното искуство покажува дека пред секои избори се зголемува бројот на огласи за вработување во државната администрација.

„Тоа несомнено упатува на заклучок дека се прави со цел тие нововработени да претставуваат еден нов потенцијал којшто ќе ја поддржи власта, ќе ги поддрќи владејачките гарнитури во трката за добивање, за победа на изборите.“

Според Ристески факт е дека администрација е преголема и секое ново вработување преставува дополнително оптоварување на буџетот на Македонија.

„Не треба да се зголемува бројот на кадарот во администрацијата, туку напротив треба да се намалува со тоа што ќе се бараат решенија со прераспределување на веќе постоечкиот кадар на соодветна работни места во согласност со нивната стручна подготвеност и нивното работно искуство.“

Државната комисија за спречување на корупцијата побара да запрат постапките за вработувања во администрацијата до завршувањето на локалните избори. Во врска со зголемениот број на огласи за вработувања цениме дека се работи за активности ставени во контекст на претстојните локални избори, соопштија од комисијата. Од владата пак велат дека не се работи за партиски вработувања, туку за пополнување на испразнети работни места.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG