Достапни линкови

Дела на Јован Балов пред берлинската културна јавност


Јован Балов, македонски уметник кој подолго време живее и работи во Германија.
Јован Балов, македонски уметник кој подолго време живее и работи во Германија.

„Внатрешен круг“ е насловена изложбата што во петок на 18 јануари ќе биде отворена во берлинската галерија „Видинг“ и во рамките на која покрај германската авторка Мариеле Бергман и кинеската вајарка Ванг Ланг, со 10 свои портрети ќе биде застапен и македонскиот уметник Јован Балов. Ова е една од шесте поставки со која кураторката д-р Катиа Давид има намера да ги претстави најзначајните тамошни ликовни творци.

Јован Балов, македонскиот уметник кој подолго време живее и работи во Германија, на изложбата „Внатрешен круг“ ќе се претстави со 10 дела што ги создавал во периодот од 2008 до 2012 година. Тој на берлинската публика во комуналната галерија „Видинг“ ќе и го претстави циклусот „Мојот прв круг“ кој го чинат шест портрети од неговото семејство, серијата од три автопортрети „Ego sum, qui sum" и портретот на Кристијан Томас Јигел.
Комуналните галерии како простори се секогаш интересни. Тие не се комерцијални. Публиката не се само колекционери или луѓе ориентирани комерцијално кон уметноста, туку се работи за важен простор кој негува многу блиска соработка со Сенатот за култура на Берлин. За мене значи тоа комплетно признавање на моето дело и на мојата присутност на оваа ликовна сцена.
Јован Балов, уметник.

„Комуналните галерии како простори се секогаш интересни. Тие не се комерцијални. Публиката не се само колекционери или луѓе ориентирани комерцијално кон уметноста, туку се работи за важен простор кој негува многу блиска соработка со Сенатот за култура на Берлин. За мене значи тоа комплетно признавање на моето дело и на мојата присутност на оваа ликовна сцена“, истакнува Балов.

Сликарот дополнува дека пробивот кон врвот е вечна борба и дека уметникот доколку сака да го запознае пошироката јавност мора постојано да биде активен и да биде присутен бидејќи луѓето воопшто се склони кон заборав. Од таму, наведува дека благодарение на тоа што е селектиран за оваа постановка му се отвора можност да конкурира пред Сенатот со идеи за нови проекти, за откуп на дела од тамошните музеи за современа уметност и дека веќе добил понуди за заеднички настапи со колегите кои творат во германската престолнина на уметноста.
Најважно од сето тоа е што влегувам во листата на одбрани и селектирани автори на Берлин и секогаш ќе бидам достапен што се вели за луѓето кои ги интересира што е моментално актуелно во градот.
Јован Балов, уметник.

„Најважно од сето тоа е што влегувам во листата на одбрани и селектирани автори на Берлин и секогаш ќе бидам достапен што се вели за луѓето кои ги интересира што е моментално актуелно во градот.“

Балов, домашната културна јавност ја разбранува некаде на крајот на минатата година со своето писмо со кое обелодени дека има намера да ја врати награда што му ја додели „Остен“ како на автор што досега не учествувал на некоја од изложби на Светската галерија. Тој наскоро доаѓа во Македонија за да ја врати статуетката и така да ја затвори приказната за која, како што истакнува, добил огромна подршка од колегите уметници во земјава.

„Мислам дека се работи за проблем на ниво и за проблем на препознавање на некои професионални норми на работа и професионални начини на делување. Моја должност како автор и како уметник беше да реагирам бидејќи секогаш стојам на страна на уметникот и имам одговорност да ги штитам неговите права. “

Инаку, „Прима центар Берлин“ со кој раководи Јован Балов, од неодамна е влезен во многу тесниот избор на конкурсот за проект-галерии во метрополата што ги подржува тамошниот Сенат за култура што подразбира дека самиот простор е доволно афирмиран на оваа ликовна сцена, а за ваквото делување во промовирањето на македонската уметност сликарот со дополнение дека претстои период во кој е планирано да бидат одржани неколку значајни изложби на нашите творци во Берлин.

„На 25 јануари имаме изложба на македонската група ОПА со која што ќе ја завршам програмата за 2012 година, а за 2013-та очекувам евентуално повеќе од четири-пет изложби и поголема присутност на македонската уметност овдека на берлинската сцена. Важно е дека „Прима центар Берлин“ ги има сега сите тие можности да биде одлично место за презентација на новата македонска уметност.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG