Достапни линкови

Нова истрага за смртта на познат руски новинар во 2003


Познат руски новинар во 2003 година.

Познат руски новинар во 2003 година.

Француски токсиколози ќе ја истражуваат смртта на познат руски новинар во 2003 година. Портпаролот на Рускиот истражен комитет рече дека, иако „е јасно дека смртта на Јури Шчекочихин не е криминал“, француски форензички експерти ќе го разгледаат случајот. Шчекочихин беше пратеник во Државната Дума, кој подоцна работеше како истражувачки новинар во московскиот весник Новаја Газета и пишуваше за војната во Чеченија во 90-тите години од минатиот век. Според официјалната аутопсија од 2003, тој починал од алергиска реакција. Сепак, неговите колеги тврдеа дека смртта на Шчекочихин е поврзана со неговата работа. Властите го затворија случајот во 2009 година, но повторно го отворија во 2010 година. Главниот уредник на Новаја Газета Дмитри Муратов оцени дека е преуранета изјавата на Рускиот истражен судија дека смртта на Шчекочихин не е криминална.
XS
SM
MD
LG