Достапни линкови

Санино со европската порака зад затворени врати


Директорот за проширување на Европската комисија, Стефано Санино се сретна со државниот врв, но ги избегна прашањата на новинарите. Од канцеларијата на Европската Унија во Скопје велат дека најверојатно утре, кога Санино веќе ќе биде во Брисел, ќе следи соопштение за јавноста за впечатоците од неговата посета.

Директорот за проширување на Европската комисија, Стефано Санино ги избегна новинарите по денешните средби со лидерот на Социјалдемократскиот Сојуз Бранко Црвенковски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со собранискиот спикер Трајко Вељаноски. Санино веќе одржал работна вечера со премиерот Никола Груевски и вицепремиерката Теута Арифи синоќа.
Од канцеларијата на Европската Унија во Скопје велат дека најверојатно утре, кога Санино веќе ќе биде во Брисел, ќе следи соопштение за јавноста за впечатоците од неговата посета.
Санино беше запознаен дека е нереално да се очекува во ваква ситуација, опозицијата, која беше брутално исфрлена да се врати во Собранието, кое во овој состав нема никаков легитимитет. На г-динот Санино му беше презентиран планот за излез од политичката криза, преку слободни и и фер предвремени парламентарни избори, кои се неопходност и единствено можно решение за кризата.

Од СДСМ соопштија дека двете страни размениле мислења околу настаните по 24 декември.

„Г-динот Санино беше запознаен дека е нереално да се очекува во ваква ситуација, опозицијата, која беше брутално исфрлена да се врати во Собранието, кое во овој состав нема никаков легитимитет. На г-динот Санино му беше презентиран планот за излез од политичката криза, преку слободни и и фер предвремени парламентарни избори, кои се неопходност и единствено можно решение за кризата“, се вели меѓудругото во соопштението на СДСМ.
Средба на вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи со Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино

Средба на вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи со Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино


Попладне Санино се сретна и со претставници на Здружението на новинари. Оттаму информираа дека на средбата било разговарано за инцидентот со новинарите во Собрание и за начините за надминување на овој проблем и за нормализирање на односите. Како што се наведува во соопштението од ЗНМ, Санино изразил надеж дека ситуацијата ќе се надмине брзо и ЗНМ, како важен чинител во овој процес, ќе се врати на разговорите со Владата и ќе учествува во решавање на идните предизвици во медиумскиот простор.
Санино верува дека за надминување на сегашната ситуација потребна ќе биде политичка волја од надлежните институции кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да утврдат одговорност, се вели во соопштението.
Санино верува дека за надминување на сегашната ситуација потребна ќе биде политичка волја од надлежните институции кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да утврдат одговорност.

Подоцна Санино ќе се сретне и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, по што заминува за Брисел.

Според најавите посетата на Санино е негов обид да ја испита ситуацијата и да се обиде да ги приближи, засега дијаметрално спротивставените позициите на власта и опозицијата по случувањата во собранието. Се очекува, тој јасно да им пренесе на своите соговорници што претставува ваквата ситуација за европските аспирации на Македонија и дека ваков развој на настаните не е нешто што се очекува од една земја-кандидатка.

На вчерашната прес конференција, портпаролот на еврокомесарот Филе,
Питер Стано изјави дека се очекува Македонија да ги заврши потребните задачи за да добие позитивен извештај од Комисијата.

„Препораката за старт на преговори на ЕК останува, земјите – членки на ЕУ во заклучокот од минатиот декември јасно наведоа временска рамка и чекори кои се очекува ПЈР Македонија да ги преземе за да се добие позитивен извештај од Комисијата“, изјави Стано.

Во извештајот кој Комисијата се очекува да го изготви напролет, ќе се оценува текот на спроведувањето на реформите од пристапниот дијалог на високо ниво, како и чекорите преземени во промовирање добрососедски односи и постигнување решение за прашањето за името.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG