Достапни линкови

Јанкулоска - Ако треба ќе ги засилиме мерките против лажните азиланти


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се сретна со директорот на Федералната канцеларија за миграции на Швајцарија Марио Гатикер во Скопје.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се сретна со директорот на Федералната канцеларија за миграции на Швајцарија Марио Гатикер во Скопје.

Владата ќе продолжи со сите мерки, а ако треба и ќе ги зајакне, со цел бројот на лажните азиланти и понатаму да опаѓа односно да не се доведе во прашање визната либерализација. Ова го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната средба со директорот на Федералната канцеларија за миграции на Швајцарската конфедерација Марио Гатикер. Тој посочи дека во 2010 година годишно од Македонија во Швајцарија азил барале до 200 лица, додека по визната либерализација во 2011 година бројот се зголемил на 900, а до крајот на ноември 2012 година тој број се зголемил на 1.200 годишно. По преземените заеднички мерки, бројот на поднесени барања на азил паднал на само 12.
XS
SM
MD
LG