Достапни линкови

ЗНМ до Санино - Потребна е одговорност за инцидентот во Собранието


Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013-та.

Потребно е надлежните да ја понесат одговорноста за исфрлањето на новинарите од собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013 година, му рекол претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на генералниот директор за проширување на Европската комисија Стефано Санино на денешната средба во Скопје. Со тоа, ќе се покаже дека Уставот не е само декор и попречувањето на работата на новинарите не може се толерира, се наведува во соопштението од ЗНМ.

„За ЗНМ не е битна формата како ќе се дојде до расветлување на инцидентот, битно е декларативното изразување на жалење од страна на државниот врв да биде проследено со конкретни резултати на утврдување на одговорност“, информира здружението.

Санино изразил надеж дека ситуацијата ќе се надмине брзо и ЗНМ ќе се врати на разговорите со Владата. Санино верува дека за надминување на сегашната ситуација потребна ќе биде политичка волја од надлежните институции кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да утврдат одговорност, се наведува во соопштението од ЗНМ.
XS
SM
MD
LG