Достапни линкови

logo-print

Шефот на воената полиција во Грузија уценувал хомосексуалци


Грузискиот обвинител Арчил Кбиашвили.

Грузискиот обвинител Арчил Кбиашвили.

Грузискиот обвинител Арчил Кбиашвили соопшти дека поранешниот шеф на воената полиција Мегис Кардава редовно уценувал јавни личности поради, како што рече обвинителот, нивната „нетрадиционална сексуална ориентација“. Обвинителот рече дека има докази дека Кардава бил вклучен во тајно снимање на хомосексуални активности на познати личности. Материјалите се користеле за изнуда на пари и притисок да прифатат да бидат информатори. Кардава ја напушти Грузија пред неколку недели и не се знае каде е. Откако ќе биде поднесено обвинението, против него ќе биде распишана меѓународна потерница, соопшти обвинителот. Откако партијата Обединето национално движење на претседателот Михаил Саакашвили изгуби на парламентарните избори во октомври, во изминативе недели е отворена истрага против против голем број поранешни грузиски функционери.
XS
SM
MD
LG