Достапни линкови

АМАН ги собра потписите, се надеваат на поевтина струја


Macedonia -- Citizens' initiative "Aman" organizes protests against the price of electricity, steam and oil, 21Aug2012

Macedonia -- Citizens' initiative "Aman" organizes protests against the price of electricity, steam and oil, 21Aug2012

Потписите ќе се достават со Собранието кое треба да одлучи за измени на Законот за енергетика. АМАН бара воведување на евтина тарифа на струја три часа во текот на денот, како и поинакво плаќање на парното греење, односно граѓаните кои се откажале од парно да не плаќаат надоместок.

Граѓанската иницијатива АМАН неколку недели пред истекот на рокот ги собра потребните потписи за поднесување на измени во Законот за енергетика. Еден од активистите на здружението Александар Гочев вели дека согласно законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување по собирањето на потребните 10 илјади потписи иницијативата ќе се достави до Собранието, односно до народните избраници кои треба да одлучуваат по предлог-иницијативата.
Некаде при крајот на месецов АМАН ќе ја прекине иницијативата и ќе ја достави до народните избраници со што искрено се надеваме дека ќе покажат и докажат дека работат за народот и ќе ја прифатат оваа граѓанска иницијатива.

„Некаде при крајот на месецов АМАН ќе ја прекине иницијативата и ќе ја достави до народните избраници со што искрено се надеваме дека ќе покажат и докажат дека работат за народот и ќе ја прифатат оваа граѓанска иницијатива.“
Александар Гочев.

Александар Гочев.


Гочев додава дека досега не стапиле во комуникација со ниту една политичка партија и дали ќе стапат во контакт до предавањето на иницијативата се уште не разговарале. Но од АМАН очекуваат, како што вели тој, иницијативата да биде прифатена. Според Гочев не би требало проблем да преставува и тоа што во Парламентот поради последните случувања отсуствува опозицијата..

„Во случај кога парламентарното мнозинство или народните избраници не би сакале да ја прифатат оваа инцијатива, тогаш се губи само оној момент на дебата што го очекувавме бидејќи немаме пратеници кои би можеле да го одбранат овој закон или да кажат повеќе факти, аргументи зошто би бил прифатен.“

АМАН потписите требаше да ги собере до крајниот рок 31 јануари. Потоа Собранието на пленарна седница треба да ја утврди потребата од измени во Законот за енергетика и да почне редовна процедура за негова промена. Активистите се надеваат дека навреме ќе ги завршат процедурите, а пратениците ќе можат пред локалните избори да се произнесат за нивната инцијатива. АМАН бара воведување на евтина тарифа на струја три часа во текот на денот, како и поинакво плаќање на парното греење, односно граѓаните кои се откажале од парно да не плаќаат надоместок.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG