Достапни линкови

logo-print

Анти-владини демонстрации во Пакистан


Исламабад, 15.01.2013

Исламабад, 15.01.2013

Исламистичкиот верски лидер Мухамед Тахир ул Кадри на денешните демонстрации во главниот град на Пакистан, Исламабад, изјави дека соборувањето на владата е прашање на часови. Кадри и неговите приврзаници во неделата од Лахоре се упатија кон Исламабад, во така-наречен Марш за демократија, протестирајки против корупцијата и изборните реформи. Кадри денеска и упати ултиматум на владата до утре да си поднесе оставка, а парламентот да биде распуштен. На демонстрациите во Исламабад дојде и до судир со полицијата која пукала во воздух, а демонстрантите фрлале со камења. Официјален Исламабад го обвинува Кадри, кој во минатиот месец се вратил од Канада, дека се обидува да ги спречи изборите. Кадри, пак тврди дека се бори за мир и безбедност и против тероризмот, радикализмот и корупцијата.
XS
SM
MD
LG