Достапни линкови

Советот за безбедност ја подржа француската интервенција во Мали


Бамако, Мали, Јануари 2013-та

Бамако, Мали, Јануари 2013-та

Советот за безбедност на Обединетите нации, на вчерашниот затворен состанок во Њујорк, и дал подршка на француската воена интервенција во Мали. Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун исто така ја подржа операцијата на француската армија во Мали против исламистичките бунтовници, поврзани со Ал Каеда. Портпаролот на Стејт Департментот, Викторија Нуланд, во Вашингтон изјави дека Соединетите Држави размислуваат на кој начин да и помогнат на Франција. Францускиот претседател Фрасоа Оланд, кој е во посета на Абу Даби, денеска изјави дека 750 француски војници учествуваат во акцијата во Мали, а тој број ќе се зголемува. Потоа, во Мали би требало да бидат распоредени африкански сили. Француските трупи од петокот ја подржуваат офанзивата на владините сили во Мали против исламистичките бунтовници, кои од април минатата година го контролираат северот на земјата.
XS
SM
MD
LG