Достапни линкови

Стефано Санино во посета на Македонија


Стефано Санино

Стефано Санино

Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
Според најавената агенда, тој ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Иако досега нема официјална најава, медиумите јавуваат дека Санино ќе има средби и со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и со претставници на ЗНМ и со дипломатски претставници во Македонија.
XS
SM
MD
LG