Достапни линкови

Оставка на косовскиот министер за финансии


Бедри Хамза

Бедри Хамза

Косовскиот министер за финансии Бедри Хамза поднесе оставка на функцијата. Вицепремиерот Хајредин Кучи потврди дека Владата ја прифатила оставката. Тој не ги посочи причините за неа, но истакна дека тие наскоро ќе бидат официјално соопштени.
Кучи додаде дека постои веројатност Хамза да биде именуван за претставник на Косово во ММФ во Вашингтон или за гувернер на централната банка на Косово. Бедри Хамза беше министер за финансии од 2010 година.
XS
SM
MD
LG