Достапни линкови

Советот за безбедност ја поддржа воената интервенција во Мали


Советот за безбедност на ОН ја поддржа воената интервенција во Мали предводена од Франција. Амбасадорот на Франција во ОН Жерар Аро изјави дека неговата земја добила извонредна поддршка за својата воена акција од сите земји членки на Советот, вклучувајќи ја и Русија, за време на вчерашниот состанок зад затворена врата во Њујорк.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун исто така ја поздрави француската воена кампања во северниот дел на оваа африканска држава, против исламистичките бунтовници, кои наводно се поврзани со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG