Достапни линкови

Премиерот на Сирија во посета на Иран


Сирискиот премиер Ваел ал Халаки денеска ќе го посети Иран, клучен регионален сојузник на изолираниот сириски лидер Башар ел Асад.
Неодамна Иран изнесе нејасен мировен план за Сирија, повикувајќи на преодна влада и парламентарни и претседателски избори, без да наведе дали Асад ќе остане на функцијата.
Сирискиот премиер доаѓа во Иран само една недела откако Дамаск ослободи повеќе од 2000 затвореници, во замена за ослободувањето на 48 Иранци кои беа држени од сириските бунтовници пет месеци.
XS
SM
MD
LG