Достапни линкови

logo-print

Пакистан: исламски свештеник се заканува дека ќе ја урне владата


Водечкиот исламски свештеник Мохамед Тахир ул Кадри во обраќањето до илјадниците свои приврзаници собрани во пакистанскиот главен град Исламабад рече дека би можеле да ја урнат владата за неколку часа, ако решат да го сторат тоа. Кадри и неколку илјади приврзаници вчера влегоа во Исламабад по марширањето од Лахоре, каде што тој го објави „Карванот на демократијата “. Свештеникот бара сеопфатни изборни реформи пред изборите кои ќе бидат одржани напролет.
Официјален Исламабад го обвинува Кадри, кој во минатиот месец се врати во Пакистан по повеќе години минати во Канада, дека сака да ги попречи изборите.
XS
SM
MD
LG