Достапни линкови

Времето променливо, попладне со дожд и снег


Времето во Македонија ќе биде облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла, ниска облачност и намалена видливост. Ќе има и повремени врнежи од дожд особено во попладневните часови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд и снег, особено во ноќните часови.

Пообилни ќе бидат врнежите во западните делови на земјава, но кон крајот на денот интензитетот на врнежите насекаде ќе се засилува. Ќе продолжи да дува умерен, а во одделни делови, особено во централниот дел и во долниот тек на Повардарието како и во Пелагонија, засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува брзина до 70 километри на час.

Утринската температура се движи од нула до пет, а дневната ќе биде од шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, а во попладневните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Променливото време ќе продолжи и во наредните денови.
XS
SM
MD
LG