Достапни линкови

logo-print

Обама - Ние не сме безделничарска нација


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Конгресот ќе треба да погледен во својата совест кога треба да се размислува за начинот на кој да се дејствува за контрола на оружјето, закон што тој планира да го протурка.

Обама на прес конференција во Белата куќа најави посилни контроли за купувачите на пиштоли, забрана за напад со оружје и ограничувања на муницијата со висок капацитет, како „разумен“ чекор за подобрување на јавната безбедност. Секој нов закон за оружје се соочува со остро противење во Конгресот.

Обама се осврна и на фискалната битка воја се води во Конгресот за погидање на плафонот на федералниот долг, што наскоро треба да се постигне. Велејќи „ние не сме безделничарска нација“, тој побара републиканците да не инсистираат на отстапки во замена за плаќањето на сметките кон државата.
XS
SM
MD
LG