Достапни линкови

Нема одложување на судењето против Берлускони


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлсукони.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлсукони.

Судот во Милано го одби барањето на поранешниот италијански премиер Силвио Берлсукони за одложување на судењето против него до изборите во февруари. Берлускони е обвинет дека плаќал за секс со малолетно лице. Според обвинението, 76-годишниот Берлускони платил за секс со мароканската танчерка Карима ел-Маруг во 2010 година кога таа имала 17 години. Двајцата негираат дека имале сексуална врска. Пресудата се очекува пред изборите кои се закажани за 24 и 25 февруари. Берлускони ја предводи кампањата на неговата десно-центристичка коалиција, но нема повторно да се кандидира за премиер. Тој се повлече од премиерската позиција во ноември 2011 година.
XS
SM
MD
LG