Достапни линкови

Мразот ги стегна тенките паричници на кумановци


Macedonia - Market in Kumanovo - Jan2013

Macedonia - Market in Kumanovo - Jan2013

Намалената куповна моќ и ниските температури го испразнија пазарот во Куманово, пазарџии има, но не и купувачи. Дополнителен проблем за пазарџиите се и високите закупнини за тезгите и дивите продавачи.

Ниските температури, а уште повеќе празните паричници на граѓаните се најголемите причини поради кои на Зелениот пазар во Куманово нема купувачи. Трговците на кои само очите им ѕиркаат од под капите и шаловите ги тријат смрзнатите раце, потскокнуваат од нога на нога, колку-толку да си го олеснат денот. А некаде пак, меѓу тезгите пламти огин кој пазарџиите го запалиле за да се затоплат. „Куповната моќ на луѓето се повеќе опаѓа. Се купува најнеопходното и тоа се помалку“, кратко додаваат нерасположените пазарџии. Некои пак цврсто ги стегнале усните, само одмавнуваат со главата, ги креваат рамениците и го свртуваат погледот на страна. Се чини во мислите повикувајќи ги муштериите.
Како порано и сега е исто. Економската состојба е многу лоша и се гледа дека секој ден се помалку има луѓе.

„Како порано и сега е исто. Економската состојба е многу лоша и се гледа дека секој ден се помалку има луѓе.“

„Слабо, што да кажам! Мрзне,нема народ.“
Илустрација, празен пазар.

Илустрација, празен пазар.


„Нема ништо, ни Нова година, ни ништо. Дали е затоа што младите не работат!“

Но закупнината за тезгите мора да се плаќа, без оглед колку имаат промет.

„Треба да се подмират. Еве сега треба да платиме и паушал.“

РСЕ: Колку плаќате за тезга?
Со дивата продажба надвор од пазарот тоа е проблем со кој ЈП „Пазаришта“ се соочува подолг период. Апелираме во сите наши извештаи поднесени до општинскиот Совет и до сите надлежни институции, повикуваме на соработка но за сега одговори има многу малку.


„На ова ниво 2.450 денари, ама сега планираат да ни зголемат.“

РСЕ: Ќе може ли да се опстане?

„Нема каде да одиме, а за едно јадење ќе има.“

За некои пак, проблем е и паркинг просторот.

„Прометот одамна е намален бидејќи нема пристап за автомобили. Ние имаме статистика и знаеме како беше порано.За една година 80 отсто продажбата е намалена.“

РСЕ: Дали Реонскиот пазар ви е конкуренција?

„Секако дека ни е конкуренција.“

Душица Сеизовска Јовановиќ од ЈП „Пазаришта“ негира дека цената на закупнината на тезгите ќе се зголеми.

„ЈП „Пазаришта Куманово“ нема донесено никакви одлуки за зголемување на цените, условите за потпишување договори за закупнина остануваат исти како и претходната година. Веројатно нивните размислувања се од информациите кои доаѓаат од групацијата на пазарите дека е во подготовка донесување на нов закон за трговија на зелени пазари,според кој ќе има одредени измени на условите за закупување на тезги. Но и во овој јануари кога ќе се потпишуваат договори како и секоја година условите остануваат исти.“

Сеизовска Јовановиќ вели дека и покрај малиот промет на Зелениот пазар околу 600 тезги се закупени, додека на Реонскиот пазар има и празни тезги.

РСЕ: Имате ли проблеми со дивите пазарџии?

„Со дивата продажба надвор од пазарот тоа е проблем со кој ЈП „Пазаришта“ се соочува подолг период. Апелираме во сите наши извештаи поднесени до општинскиот Совет и до сите надлежни институции, повикуваме на соработка но за сега одговори има многу малку“, вели Сеизовска Јовановиќ советник на правни работи во ЈП „Пазаришта“ во Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG