Достапни линкови

logo-print

Шест месеци затвор за офицер од советско време во Литванија


Илустрација: Депортација во Сибир.

Илустрација: Депортација во Сибир.

Апелациониот суд во Вилнус го осуди поранешнит советски офицер на безбедносните сили, 84-годишниот Вацловас Којалис на шест месеци затвор за неговата улога во депортацијата на Литванците во Сибир во 50-тите години од минатиот век. Којалис првично беше осуден на казна од околу 1.500 долари од судот во градот Клаипеда во западна Литванија, но обвинителството се жалеше дека казната е прениска. Според Кривичниот законик на Литванија присилното раселување на луѓе е сериозно кривично дело за кое се предвидуваат казни од 5 до 15 години затвор. Литаванија беше дел од поранешниот СССР од 1940 до 1991 година.
XS
SM
MD
LG