Достапни линкови

СДСМ - Ни останува само граѓанска непослушност и улична демократија


Опозицијата одржа „Марш за вистината“ во Скопје на 12 јануари 2013 година.

Опозицијата одржа „Марш за вистината“ во Скопје на 12 јануари 2013 година.

Граѓанската непослушност и уличната демократија се единствените инструменти кои му преостануваат на СДСМ, рече денеска партискиот потпретседател Гордан Георгиев, откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги одби нивните барања заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, кои ќе ги организира „влада на доверба“. Однесувањето на власта, вели тој, не и остава друг избор на опозицијата освен да пружа отпор и да ги интензивира активностите. Лицемерни се повиците да се вратиме во Собранието од каде насилно не исфрлија, рече Георгиев и најави дека од утре опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ низ внатрешноста на Македонија. Во меѓувреме продолжуваат и протестите во Скопје.
XS
SM
MD
LG