Достапни линкови

Останува препораката Македонија да почне преговори со ЕУ


Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Останува препораката на ЕК за почеток на преговори со Македонија, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија може да ја загуби препораката поради случувањата со опозицијата.

„Препораката на ЕК останува. Земјите членки во заклучоците на Европскиот совет минатиот декември посочија временска рамка и успешни чекори кои се очекуваат од поранешната југословенска Република Македонија за земјата да добие позитивен извештај од Комисијата.“

Стано не можеше да каже кога точно ќе биде објавен извештајот за реформите во Македонија и повтори дека „тоа ќе биде на пролет“.
XS
SM
MD
LG