Достапни линкови

Молдавскиот јавен обвинител ја стави функцијата во мирување


Молдавскиот јавен обвинител Валериу Зубко.

Молдавскиот јавен обвинител Валериу Зубко.

Молдавскиот јавен обвинител Валериу Зубко ја стави функцијата во мирување додека трае истрагата за неговата поврзаност со убиството на еден бизнисмен за време на лов. Тој ја соопшти неговата одлука по средбата со претседателот на Собранието Мариан Лупу.

Зубко учестувал во ловот и наводно бил присутен за време на пукањето. Имаше големи критики против него затоа што ја напушти Молдавија по убиството на бизнисменот на 23 декември минатата година.

Минатата недела, премиерот Влад Филат побара од Зубко да се повлече од функцијата за да се избегнат сомнежите дека тој може да влијае на истрагата. Обвинителството минатата недела информира дека осомничен за убиството е апелациониот судија Георге Крету, кој заедно со околу 30 луѓе учествувал во ловот.
XS
SM
MD
LG