Достапни линкови

Рекорден број македонски војници во мисии во странство


Архивска фотографија: Свеченост по повод испраќањето на нов контингент македонски војници во Авганистан.

Архивска фотографија: Свеченост по повод испраќањето на нов контингент македонски војници во Авганистан.

Македонија во Авганистан ќе испрати 157 припадници на АРМ, на кои овој пат им е доделена задачата да ја обезбедуваат главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

Македонија испраќа нов контингент војници во мисијата ИСАФ во Авганистан. Во 14-тата ротација на мировната мисија во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 157 припадници на АРМ. Ова е досега најголемиот достигнат број наши припадници во странските мировни мисии на кои овојпат им е доделена задачата да ја обезбедуваат главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
Ова е големо искуство за нашите припадници, бидејќи таму одат во една исклучително критична ситуација, каде што има војна во вистинска смисла на зборот.

Политички став на државното раководство и на Министерството за одбрана е дека нашето учество таму ќе биде до 2014 година до кога и се планира да функционира мисијата ИСАФ. Но, се очекува дека меѓународната контрибуција за градење на мир во Авганистан нема да биде доволна до 2014 и ќе се остане, бидејќи и не се очекува дека Авганистан ќе може сам да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност, вели заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.
Архивска фотографија: Министерот за одбрана Фатмир Бесими во посета на македонските војници во Авганистан.

Архивска фотографија: Министерот за одбрана Фатмир Бесими во посета на македонските војници во Авганистан.


Според него, засега не се знае во кој облик НАТО партнерите ќе останат таму. Без оглед на одобрениот буџет за одбрана, ставката за мировни операции остана непромненета, посочува Димитриев, што потврдува дека ова учество државата го проценува како свој витален интерес.Тоа го потврдува и консензусот на сите политички субјекти во државата по ова прашање.

Јас лично сум скептик дека ќе се зголеми нашето учество, бидејќи и овој број што го имаме, споредено со бројот на жители Република Македонија се вбројува во земјите, која контрибуира со навистина голема бројка.
„Меѓутоа кажано и од аспект на Министерство за одбрана и армија, ова е големо искуство за нашите припадници, бидејќи таму одат во една исклучително критична ситуација, каде што има војна во вистинска смисла на зборот“, вели Димитриев.

Тешко е да се каже како ќе изгледа нашето учество во мировните мисии понатаму од аспект на обврските, но и од аспект на финансиските можности, додава Димитриев.

„Во моментов како што стојат работите од аспект на економската состојба на Република Македонија јас лично сум скептик дека ќе се зголеми нашето учество, бидејќи и овој број што го имаме споредено со бројот на жители Република Македонија се вбројува во земјите која контрибуира со навистина голема бројка“, додава Димитриев.

Македонија учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан од 2002 година, исто така е дел од меѓународната мисија на ЕУ, АЛТЕА со 11 припадници, кои се дел од медицински тим и со 1 офицер во мисијата во Либан која е во рамките на ОН.
XS
SM
MD
LG