Достапни линкови

Опасно загадување на воздухот во Пекинг


Училиштата во Пекинг не ги пуштаат учениците надвор, а во болниците рапидно расте бројот на пациенти кои се жалат на проблеми со дишењето. Смогот во Пекинг и во неколку други кинески градови во изминативе неколку денови ја намали видливоста на само околу стотина метри. Како главна причина за ова се наведуваат лошто време и зголемената употреба на јаглен за затоплување. Во уводникот на државниот весник „Чајна Дејли“ се оценува дека земјата треба да научи да ја балансира забрзаната индустријализација со квалитетот на животот.
XS
SM
MD
LG