Достапни линкови

Ваши коментари - Преку глава од политика, а сите за политика


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Според коментарите од читателите на нашите текстови, повеќе од јасно е дека на народот му е преку глава од политичарите, ама пак се „пали“ на партиите и на лидерите.

На народот ем му е смачено од политика, а поисполитизирано општество од нашево нема. „Политичарите да се договорат или да си одат сите“, е поентата што може да се извлече од мислењето на граѓаните за актуелната политичка криза во земјава искажано во нашата видео-анкета во Хајд Паркот и од вашите коментари на истата тема. Значи, повеќе од јасно е дека на народот му е преку глава од политичарите, ама пак се „пали“ на партиите, на лидерите, на нивните кажувања...
Грујо и Бранко си требаат еден на друг, бидејќи обајцата не ги интересира ни Македонија ни народот, а да беа жестоки противници еден од нив ќе завршеше досега во затвор.
Коментар од читател.

Мирко од Скопје, на пример, смета дека ВМРО-ДПМНЕ краде, а СДСМ му помага, па обратно и се така во круг. Да не се лажеме - пишува Мирко, „Грујо и Бранко си требаат еден на друг, бидејќи обајцата не ги интересира ни Македонија ни народот, а да беа жестоки противници еден од нив ќе завршеше досега во затвор“.

Донка, меѓутоа, од Канада поставува само едно прашање: „Зарем стварно некој може да мисли дека ако Груевски и фамилијата имаа некои факти, ама вистински, Бранко ќе беше уште на слобода?“

Одлуката опозицијата од македонскиот корпус партии да не оди на избори за Македон е „само твоја работа, брат“. Очигледно обраќајќи му се на лидерот на СДСМ, Црвенковски, пишува дека се „уценува цела Македонија со листа на желби за технички влади, избирачки списоци, позиции по ќеиф, е тоа, вели, мало морген!“

Граѓаните сметаат дека партиите треба да седнат и да се договорат за да се надмине политичката криза, или сите комплетно да си одат од политичката сцена. Кој е вашиот став за ова прашање? Погледнете го видеото и коментирајте тука.
Хајд Парк: Политичарите да се договорат или да си одат сите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:21 0:00
Полат Алемдар од Некаде во Македонија конструктивно им порачува и на Груевски и на Црвенковски да седнат некаде каде што никој нема да знае и да изнајдат решение „за оваа држава и за овој народ... утре народот нема да биде крив зашто државата ќе ја нема... ќе бидете криви вие, политичарите. Слепи сте при очи дека албанскиот блок ништо не коментира за последните случувања? Треба да слушнете тајно што зборува народот за вас, памет во глава сè уште имаме шанси да не ја испуштиме државата од раце, од вас двајцата зависи“ - со големи букви напишал Полат.
Треба да слушнете тајно што зборува народот за вас, памет во глава сè уште имаме шанси да не ја испуштиме државата од раце, од вас двајцата зависи.
Коментар од читател.

Повеќетемина слушатели што испратиле коментари по нашата информација за тоа дека СДСМ со услови ќе оди на избори сметаат дека партијата се плашела и сеќавала несигурност за претстојните локални избори зашто немале никаква програма освен, цитирам, „насилство, закани, силеџиство“ - како што пишува Јован од Скопје. Симона, пак, прашува дали навистина би биле фер и демократски изборите ако се изберат нови министри во клучните ресори, но слушател од Штип, потпишан со „Тој“ му препорачува на Црвенковски сепак да оди на избори, зашто токму во источниот дел на земјата сега може да победи, каде што на минатите избори и се случила разликата од 50 илјади гласови. На штипјанецот не му е јасно зошто се сите против Бранко кога тој за само една година откако се вратил на чело на СДСМ успеал да придобие 170 илјади гласови. Груевски троши на глупости, на споменици, на јавна администрација, на пензионери и на скопјани, а другите нека одат во странство со бугарски пасоши, завршува „Тој“ од Штип.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG