Достапни линкови

logo-print

„Златен глобус“ за „Арго“


Во Беверли Хилс беа доделени наградите „Златен глобус“ за филмски и телевизиски остварувања. Главната награда за најдобар филм ја доби „Арго“, приказна за спасувањето на американски дипломати за време на Исламската револуција во Иран во 70 години од минатиот век. „Златен глобус“ доби и Бен Афлек кој го режираше овој филм. Коментаторите во Холивуд велат дека оваа двојна победа на „Арго“ против неговите главни ривали „Линколн“ и „Џанго“ му ги зголемува шансите и за освојување Оскар на 24 идниот месец.
XS
SM
MD
LG