Достапни линкови

ДУИ - Владата има легитимитет, опозицијата да се врати во Собрание


Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Македонската влада има чист легитимитет од мнозинство граѓани, вклучувајќи го и двојното етничко мнозиство од неодамнешните предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ги одобрија програмите на политичките партии, а кои се трансформирани во владината програма и тие очекуваат таа да биде имплементирана до крај.

Ова е еден од заклучоците донесен на денешната седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ во врска со барањата од страна на македонските опозициски партии за предвремени парламентарни избори и „влада од доверба“ што ќе ги спроведе.

Според ДУИ, земјата е во стабилна политичка ситуација, а институциите функционираат во согласност со Уставот и законите. Тие ја повикаа опозицијата да се врати во институциите и низ заедничка дебата да се решат предизвиците со кои се соочува земјата. Воедно, ДУИ гарантира одржување фер и демократски избори според меѓународните стандарди.
XS
SM
MD
LG