Достапни линкови

Почна Вевчанскиот карневал


Архивска фотографија: Вевчански карневал.

Архивска фотографија: Вевчански карневал.

Со дефиле на маските почна Василичарскиот карневал во Вевчани. Покрај традиционалните, младоженецот, невестата, глупавиот Август и ѓаволот, годинава подвижната галерија на маски беше збогатена и со попови и вампири, турски аскер, нацистичка полиција, инвалидизиирани лица изврзани со завои и облеани во крв, вевчанска шмизла на мотор, како и со поворка со која се означува една година од погребувањето на Грција кое се случи на минатогодишното карневласко издание. Карневалот го следат неколку илјади луѓе. Според традицијата, манифестацијата којашто е стара повеќе од 14 века ќе биде затворена утре со палење на годинашните маски.
XS
SM
MD
LG