Достапни линкови

logo-print

Г.г. Стефан подготвен да помогне во помирувањето на политичарите


Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан на Бадник во Скопје.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан на Бадник во Скопје.

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, одговарајќи на новинарско прашање денеска во Битола рече дека досега до него не стигнало официјално барање да посредува за помирување на одредени личности кои влијаат во јавниот и политичкиот живот на државата.

„Досега не пристигнало такво барање, но сметам дека сите сме повикани да помогнеме таму каде што можеме за да тоа се случи. Црквата нема да откаже од својата улога“, рече Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
XS
SM
MD
LG