Достапни линкови

logo-print

Српските радикали протестираа пред Собранието на Србија


И покрај забраната за собир, членовите и функционерите на опозициската Српска радикална партија (СРС) денеска оддржаа протест пред Собранието на Србија во Белград, изразувајќи го на тој начин незадоволството заради се поизвесното усвојување на платформата за Косово.

Потпретседателот на партијата Немања Каровиќ изјави дека СРС го закажала овој протест за да го изрази својот политички став и своето несогласување со резолуцијата што е предложена во Народното собрание на Република Србија.

Тој кажа дека со оваа резолуција прв пат ќе биде овластена Владата на Република Србија да ги примени сите оние срамни спогодби кои во претходниот период ги критукуваше самиот Томислав Николиќ, кои ги критикуваше и Восилав Коштуница и кои најжестоко ги критикуваше и Српската радикална партија.

Каровиќ ја искористи можноста да објасни дека полицијата синоќа, околу 22 часот, го забранила собирот и оцени дека „ режим кој на своите граѓани им забранува на мирен начин да го изразат својот политички став, е диктаторски“.
XS
SM
MD
LG