Достапни линкови

logo-print

Волерс - опозицијата и власта да работат за надминување на ситуацијата


Veljanoski, 07Nov2012

Veljanoski, 07Nov2012

Бојкотот на Собранието од која било партија не е корисен. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да ја надминат настаната состојба, порача амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

„Не мислиме дека бојкотот од која било партија е корисен. Тоа го велиме со години кога имало бојкоти од други партии дека не е многу корисна тактика. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да го надминат ова. Условите во Собранието треба да бидат отворени и транспарентни и партиите да имаат можност слободно да ги дискутираат прашањата. Мислам дека и опозицијата и власта треба да работат на надминување на ситуацијата“, изјави Волерс.

На прашањето дали САД ќе бидат вклучени во мониторирање на изборите, тој рече дека секогаш учествувале во овој процес.

„САД и други организации традиционално го мониторираат изборниот процес и ќе го направиме тоа повторно“, рече aмериканскиот амбасадор при посетата на Берово во рамки на приемот за членови на дипломатскиот кор организиран од претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG