Достапни линкови

Грција одобри зголемување на даноците


Грчките пратеници ја одобрија непопуларната даночната легислатива за зголемување на владините приходи. Мерката е еден од главните услови за Грција да добива помош од странски кредитори. Од 300 членови во парламентот за законот гласаа 163 пратеници, а дебатата траеше до раните утрински часови. Според новите измени се откажани многу даночни олеснувања, воведено е оданочување на сопственост и корпоративни профити, а се наметнува и данок на капитална добивка за продажба на акции.
Грчката влада се надева дека оваа мерка ќе генерира околу 2,5 милијарди евра дополнителни приходи во оваа и следната година. Овој потег е дел од целокупниот план за заштеда на 13,5 милијарди евра кој Атина го изгласа во ноември, за да може и понатаму да добива пари од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за да избегне банкрот.
XS
SM
MD
LG