Достапни линкови

logo-print

Неуспешна спасувачка мисија на Франција во Сомалија


Француското министерство за одбрана соопшти дека двајца командоси и еден француски заложник биле убиени во Сомалија за време на неуспешната спасувачка операцијата за ослободување на затворениците.
Француските командоси со хелихоптери во текот на ноќта започнаа напад врз базата на исламистичкото движење Ал-Шабаб во југозападниот дел на земјата. Тие наводно се обидувале да го спасат францускиот разузнавачки агент Денис Алекс, кој беше киднапиран во јули во 2009 година.

Сепак, од Ал-Шабаб негираат дека агентот е убиен, велејќи дека тој е безбеден и се наоѓа далеку од местото на битката.

XS
SM
MD
LG