Достапни линкови

logo-print

Пет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце


Денеска се навршуваат пет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа единаесет припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ. По тој повод делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, воздухопловната бригада, како и членовите на семејствата на загинатите ќе положат венци со цвеќе на спомен обележјата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.
Македонските мировници кои загинаа се враќаа дома по шестмесечната мисија АЛТЕА во Босна.
Од Јавното обвинителство на 20 декември 2011 година информираа дека нема да биде поведена кривична постапка за хеликоптерската несреќа, бидејќи не постои основано сомнение дека кое било службено или одговорно лице сторило кривично дело за кое се гони по службена должност.

Единствена причина за падот на армискиот хеликоптер, според државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, е необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови. Ова било потврдено и во Извештајот подготвен од британскиот воздухопловен експерт Едвард Пули на барање на македонското Јавно обвинителство.
XS
SM
MD
LG