Достапни линкови

logo-print

Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје и Атина


Етнос“ ја пренесува изјавата на Нимиц дека „двете страни се блиску до сериозен и конструктивен приод кон проблемот за името“ и оти за Њујорк си заминува охрабрен со ветување дека ќе го интензивира преговарачкиот процес.

„Елефтеротипија“ смета дека тој позитивно одговори на прашањето дали по 20 години има шанси да се најде решение за името.

„То Вима“ пишува дека идеите на Нимиц за кои се разговарало во Атина и Скопје не се нови туку се комбинација на стари размислувања во ново пакување. Според весникот, за време на разговорите во Скопје на маса биле идеи подобро формулирани од порано во формат за кој Нимиц верува дека е поатрактивен и ги опфаќа барањата на двете страни.

„Та Неа“, цитирајќи го Нимиц потсетува дека тој на ова прашање работи од 1994 година и ја пренесува неговата изјава дека не се работи за сосема нови идеи, туку дека работите се развиваат и секогаш постои можност за креативност за да се постигне позитивен заклучок.

„Катимерини“ објави коментар во кој се прашува „зошто дојде Нимиц“ одговарајќи „за да се обиде да го одржи во живот преговарачкиот процес кој избледува и да разговара со двете страни за идеи како да се доближат една до друга, или како ’да се најдат’“. Весникот заклучува дека за да се постигне договор треба една од страните да отстапи од своите „црвени линии“, но прашањето е која?
XS
SM
MD
LG