Достапни линкови

Во Женева преговори за конфликтот во Сирија


Меѓународниот медијатор за конфликтот во Сирија, Лахдар Брахими, денеска во Женева ги започна разговорите со американски и руски дипломати за политичко решение на кризата во таа земја. Разговорите се одржуваат зад затворени врати. Сиријскиот режим вчера го денунцира Брахими како неподобен откако тој отфрли каква било улога на претседателот Башар Ал Асад во идната сиријска транзициона влада. Разлики во врска со улогата на Асад има и меѓу Москва и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG