Достапни линкови

logo-print

ЗНМ на суд ќе бара правда за исфрлањето на новинарите од Собранието


Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, насилно избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013 на 24 декември 2012 година.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, насилно избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013 на 24 декември 2012 година.

Доколку не добиеме правда пред македонските судови, тогаш ќе се обидеме да ја најдеме пред Меѓународниот суд за човекови права, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Здружението на новинари незадоволно од реакцијата на институциите за исфрлањето на новинарите од собраниската галерија пред три недели, најави дека правдата ќе ја бара во македонските судови. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе го емитуваме в недела, изјави дека доколку и таму не добијат правда, тогаш тие ќе се обидат да ја најдат во Меѓународниот суд за човекови права.
Нашиот правен тим треба да ги спреми тие документи и иницијативи пред судовите во Македонија. Ние веќе знаете дека ја информиравме и меѓународната заедница и сите институции и организации за тоа што се случи во Македонија, но ние чекаме да ја видиме реакцијата што ќе дојде од меѓународниот фактор. Ние веќе сме во комуникација со претставниците на Европската комисија, ние сме отворени да помогнеме да се излезе од оваа ситуација.

„Нашиот правен тим треба да ги спреми тие документи и иницијативи пред судовите во Македонија. Ние веќе знаете дека ја информиравме и меѓународната заедница и сите институции и организации за тоа што се случи во Македонија, но ние чекаме да ја видиме реакцијата што ќе дојде од меѓународниот фактор. Ние веќе сме во комуникација со претставниците на Европската комисија, ние сме отворени да помогнеме да се излезе од оваа ситуација“, вели Селмани.

Тој додава дека нема да дозволат овој инцидент да помине неказнето и дека ќе ги искористат сите институционални и демократски инструменти за да се истера правдата до крај.

„Ќе ги искористиме сите демократски форми на притисок против владата да постапува одговорно во овој случај.“

РСЕ: Дали тука спаѓаат протести, штрајк, бојкот?

„Сите тие форми се легитимни. Прашање на проценка е кога тоа да се направи и на кој начин“, вели Селмани.

Ваквата борба за санкционирање на тие кои што го нарачале извлекувањето на новинарите од собраниската галерија ќе го стави на тест ЗНМ во истрајност на барањата. Комуникологот Климе Бабунски вели дека се наметнува прашањето што ќе изгуби, а што ќе добие ЗНМ ако се задржи само на еден институционален инструмент во потрагата по правда или доколку започне некаков вид на протести со цел притисок врз власта.

Тој додава дека само истрајноста на новинарите и неоткажувањето од професионалните стандарди може да вроди со резултати.

„Би било грешка ЗНМ тука да застане и да каже нема корист од што и да е понатаму. Напротив, треба да се тестираат институциите секојдневно и да се проверува во таа смисла сопствената позиција и нивото на демократијата во земјата“, вели Бабунски.

Видео: Претставниците на медиумите денеска го исвиркаа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со извици „Уа!!!“ ја напуштија галеријата, револтирани од исфрлањето на новинарите од Собранието. Иако државниот врв изрази жалење за, како што ги нарече, немилите настани во собранието, МВР не најде виновник за случувањата во Собранието и истакна дека акцијата со отстранувањето на новинарите од собраниската галерија била во рамките на законите и дека обезбедувањето не употребило прекумерна сила. Селмани изјави дека одговорот на МВР е разочарувачки и деградирачки, како за новинарите, така и за државниот врв кој што изрази жалење за нешто за кое што официјално нема виновник.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG