Достапни линкови

САД и ЕУ: опозицијата да се врати во Собранието, Владата да овозможи дијалог


илустрација

илустрација

ЕУ и САД изразуваат загриженост за неодамнешните внатрешнополитички настани во Македонија зашто со нив, како што наведуваат во денешната заедничка изјава, се одвлекува вниманието од стратешките приоритети на државата. Тие ја охрабруваат опозицијата да се врати во Собранието, а Владата да ги преземе сите чекори за повторно воспоставување на политичкиот дијалог. „Во една парламентарна демократија Парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во Собранието. „Истовремено, ја охрабруваме владата да создаде услови за ефикасно и транспарентно делување во Парламентот. Важно е сите партии да ја почитуваат оваа институција, нејзините процедури и демократските вредности врз кои е заснована, посочуваат од ЕУ и САД.
XS
SM
MD
LG