Достапни линкови

Пленум вс. Студентски парламент


Драган Милевски студент и активист во Слободен Индекс

Драган Милевски студент и активист во Слободен Индекс

Студенту, доста е! Индиферентни сме, толерираме и дозволивме образовниот систем да колабира! Крени го својот глас и бори се. Не за мене. За себе !, пишува за РСЕ, Драган Милевски студент и активист во Слободен Индекс

Во претходното мое излагање „Студентите и општеството", кажав дека студентот е во летаргична и конформистичка состојба, закржлавен мозок – кој е пасивен и не е заинтересиран да учествува во процесите и борбата за поквалитетно, бесплатно и еманципаторно образование. Кажав и зошто. Бидејќи, многу е полесно да се помириш и прилагодиш, отколку да ризикуваш и да застаниш зад една здрава идеа и свест.
Ти само чекај избори и ќе ги видиш, по некој студентски дом или факултет на плакати, каде се застанати фотогенично со некоја излитена-маркетиншка парола, која треба да звучи мотивирачки, а во пракса е крајно дефетистичка и поразителна. Видлива нефункционалност во стилот на: "избори – значат постојам".

Во контекст на тоа, единствено легитимно тело за управата на универзитетите е студентскиот парламент, кој се претпоставува дека работи на принципите на репрезентативна/претставничка демократија. Се претпоставува? Како е можно да се претпоставува? Епа ете, можно е. Бидејќи последниот пат кога проверив, нивниот статут не е изложен јавно иако треба да е јавно достапен, како информативен документ од јавен карактер.

Од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствено точка 7, од членот 6 ("информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината;) може да се третира како "оправдување" зошто статутот не е јавно изложен. Чекај малку. Реков оправдување? Сигурно мислев на изговор, со оглед на тоа дека изборите се одржаа на 10-ти октомври, 2012 година, ако добро се сеќавам. Три месеци се "усогласува" статутот. На крај, статутот бил "интерен акт". Да не е интимен случајно? Инаку,http://www.spukm.org.mk/ - ова е сајтот на СПУКМ и ако проверите, ќе забележите неколку работи:
1. Сајтот не е ажуриран од 17.09.2012 година
2. Уште стои дека претседател е Иван Живковски, а не е. И ова е последица на првата точка.
3. Статут – нема.
4. Сигурен сум дека ќе забелешиш и нешто друго.
Од аспект на политика, СПУКМ во најмала рака е симпатизер на одредени политички партии, на што сведочат бројни изјави кои експлицитно го изразуваат нивниот став. Ќе дадам два примери:
1. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/protest-pred-kancelarijata-na-eu-vo-skopje
(Во мандатот на претходниот претседател на СПУКМ, Иван Живковски.)
2. http://www.sitel.com.mk/studentski-parlament-nedonesuvanjeto-na-budzhetot-kje-ja-stopira-isplatata-na-stipendiite
(Уште едно сценарио, во мандатот на тековниот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски.)
Кога СПУКМ застанал зад некоја здрава и одговорна студентска иницијатива? Кога застанал зад борбата за бесплатно, квалитетно и еманципаторно образование? За автономност на универзитетите? Застанал зад партиски одлуки, во знак на подршка. И толку. Чат-пат под притисок ќе исценира дека стои зад студентите – само декларативно, а практично – не е така.

Е сега, една ваква сезонска и фантомска организација се води како студентско тело – претставник на студентите. Ќе се појават онака „од нога" на избори, со некоја бледа чат-пат реторика, од која што можеш слободно да добиеш киселини во стомакот. Никој не ги ни видел, не ги ни чул – ама тука се негде, во сенка. Ти само чекај избори и ќе ги видиш, по некој студентски дом или факултет на плакати, каде се застанати фотогенично со некоја излитена-маркетиншка парола, која треба да звучи мотивирачки, а во пракса е крајно дефетистичка и поразителна. Видлива нефункционалност во стилот на: "избори – значат постојам".

Кога СПУКМ застанал зад некоја здрава и одговорна студентска иницијатива? Кога застанал зад борбата за бесплатно, квалитетно и еманципаторно образование? За автономност на универзитетите? Застанал зад партиски одлуки, во знак на подршка. И толку. Чат-пат под притисок ќе исценира дека стои зад студентите – само декларативно, а практично – не е така. СПУКМ е составен од опортунисти/кариеристи, кои што оваа фунцкија ја користат со двојна формула – како семинар/обука и во стил на стажирање, што утре ќе резултира со нивен брз прогрес во одредена сфера. Но, најголем дел од вината, носат индиферентните и летаргични студенти. Затоа што, многу е полесно да ја заобиколиме индивидуалната одговорност и под изговор на скептицизам да се препуштиме на претставничката "демократија" – кога некој во твое име носи одлуки, што алудира на неспособност. Проблемот не се сведува само на тековната или претходната (или било која) постава на СПУКМ, туку е малку покомплексен. Проблемот се сведува на нефункционалноста на парламентот (претставничката демократија) како студентско тело, кое што управата на факултетот (деканат/ректорат итн) го сметаат за валидно и единствено нивниот став го третираат како легитимен.
Но, постои алтернатива. Алтернативата е Пленум – како студентска средба/собир кој што е базиран на принципите на директна демократија, односно секој студент има право на глас во носењето на одлуките поврзани со факултетот. Одлуките се носат со мнозинство на гласови, а на тоа му претходи дискусија во зависност од карактерот на прашањето што се дискутира.

Но, постои алтернатива. Алтернативата е Пленум – како студентска средба/собир кој што е базиран на принципите на директна демократија, односно секој студент има право на глас во носењето на одлуките поврзани со факултетот. Одлуките се носат со мнозинство на гласови, а на тоа му претходи дискусија во зависност од карактерот на прашањето што се дискутира. Пленумот го водат секогаш различни модератори кои се бираат на крајот од секој пленум – се ротираат и до нив се доставуваат предлози од студентите за текот на дискусијата и врз основа на тоа се составува агенда на пленумот. Се разбира, дополнително може да се прошири или скрати агендата, доколку од тоа се јави потреба.

Во однос на техничка опрема, потребни би биле лаптоп, видео бим (проектор) и микрофони – зависно од бројот на присутни на пленумот. При тоа, се прави записник, кој јавно е прикажан на видео бим, со цел студентите да имаат увид во работата на записничарот и да истакнат забелешки. Задача на модераторите е да одржат културна дискусија, со земање на збор, а по потреба доколку одредени аргументи се повторуваат и слично – да потенцираат на тоа. Во техничката работна група, по потреба се вклучуваат и редари (кои исто така се ротираат на секој пленум) чија задача е одржување на редот, додавање на микрофонот на лицето што ќе земе збор и слично.Битно е да се напомене, дека пленумот нема членови – на пленумот може да учествува секој кој што е заинтересиран за некое прашање, доколку ги почитува принципите на кои што е базиран пленумот. По изгласаната одлука (доколку мнозинството на пленумот, јасно се согласува со неа) се избираат делегати – кои што одлуката донесена на пленумот треба да ја пренесат до надлежните (деканат или слично) и при тоа, делегатот нема право да изнесува свое субјективно мислење, туку треба само да ја пренесе одлуката на пленумот. Го потенцирам ова, бидејќи е клучна разлика во однос на претставничката демократија. И на тој начин, функционира пленумот. Во однос на горенаведените карактеристики, може да се забележи дека е потребна директна активност на студентот, што во најмала рака ја редуцира неговата пасивност и студентот добива можност, директно да учествува во процесите на носење на одлуки.

Освен тоа, редуцирана е и можноста за манипулирање со студентите, бидејќи студентите би имале директно учество, особено поради еднаквоста која ја налага пленумот и тука е надминат онај лидерски синдром "мора некој да нè организира и води", што автоматски подразбира само-иницијатива, односно самоорганизирање. И ако се следат сите овие "параметри" на пленумот - јасно е дека наспроти претставничката демократија, овде директно се подигнува свеста на студентот и го стимулира да учествува, бидејќи станува свесен за моќта што ја има. Со тоа се надминува неинформираноста и изолираноста на студентите, односно класичниот конформистички пристап на студентот. Што значи, борбата станува активна низ методите на директна акција.

Во продолжение, еве линк од Блокадниот прирачник, кој што е напишан по блокадата на Филозофски факултет во Хрватска, 2009 година, во кој што можете подетално да прочитате, за тоа како практично беа спроведувани пленуми:
http://slobodenindeks.noblogs.org/2012/02/27/blokaden-priracnik/

Студенту, доста е! Индиферентни сме, толерираме и дозволивме образовниот систем да колабира! Крени го својот глас и бори се. Не за мене. За себе !

XS
SM
MD
LG